За нас
Здружение за Обнова и Развој ЗОР ‘Ржаново (Струшко)
Основни информации
Назив: Здружение за обнова и развој ЗОР Ржаново
Седиште: ул. 7ми Ноември бр.29 Охрид
Правен статус: Доброволно, непрофитно и невладино здружение
Дејност: Работа во интерес на развојот и унапредувањето на ‘Ржаново
Наши цели
Здружението за обнова и развој ‘Ржаново ги остварува своите цели и задачи преку:
Собирање парични средства преку членарина и донации за реализација на активностите на здружението.
Нашата цел е создавање услови за живот, престој и посета на ‘Ржаново, како и негов долгорочен развој.
- Подобрување на пристапот и инфраструктурата, со приоритет на патот до ‘Ржаново.
- Унапредување на комуналните, еколошките и економските услови.
- Зачувување и промовирање на историјата, традицијата, културата и верското наследство.
- Соработка со институции, Месната заедница, Црковниот одбор и сродни здруженија.
- Поврзување на ‘Ржанчани во земјата и странство и создавање активна заедница.
- Организирање културни и традиционални настани и промоција на ‘Ржаново и Малесија.
- Заштита на природата и животната средина.
- Обезбедување поддршка и средства преку членарини, донации и соработка со партнери.
Основачи на Здружение за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид се:
- Никола Паункоски
- Миле Цветкоски
- Владо Павловски
- Ангела Николоска
- Љупчо Маркоски
Статут
Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации (Сл.Весник на Република Македонија бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016) и на член 16 од Статутот на Здружението за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид. Собранието на седницата одржана на 20.05.2026 година го утврди текстот на:
СТАТУТ на Здруженито за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Опис
Член 1
Здруженито за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид се занимава со обезбедување на услови за живот на граѓани кои имаат имот во селото, времен престој или посета на село `Ржаново од страна на граѓаните по потекло од оваа село. Од посебен интерес е подобрување на егзистенцијалните, сообраќајните, комуналните, економските, еколошки, како и зачувување на културните, историските, фолклорните, верските, етнолошките, револуционерните вредности на `Ржаново и Македонија и други аспекти од интерес на членовите. Врвен приоритет претставува обединувањето на сите оние кои стално, привремено престојуваат во селото, како и сите раселени во борба за издејствување на асфалтен пат до селото од страна на надлежните државни институции и поттикнување на општествена одговорност кај компаниите кои остваруваат деловни интереси од овие предели. Соработува со сродни здруженија од Малесиските села Присовјани, Збажди, Локов, Буринец, Селци и Глобочица. Врши поврзување со иселениците од село `Ржаново во Америка, Европа и Австралија или на било кое место на Земјината топка.
Име и седиште
Член 2
Името на здружението еЗдруженито за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид Охрид.
Скратеното име е “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“.
Името на англиски јазик е Association “ZOR `RZHANOVO Ohrid“
Седиштето на Здружението е на ул. 7 Ноември, бр. 29, Охрид.
Член 3
ЗОР `РЖАНОВО Охрид своите цели и задачи ќе ги исполнува согласно Уставот на Македонија, законите и останатите општи прописи, како и внатрешните акти на Здружението.
Во рамки на Здруженито за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид се забранува политичкото здружување. Здружението е непрофитна организација.
Членовите на Здруженито за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид не смеат да го користат своето членство со цел реализација на свои лични или интереси надвор од целите и задачите на Здружението предвидени со Статутот.
Член 4
Здружението има свој амблем.
Членовите имаат право да го носат и користат амблемот, а тоа право престанува со престанокот на нивното членство.
Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ има свој печат.
Печатот е тркалезен, го содржи името на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“, седиштето е во Охрид.
- ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ, ВРЕДНОСТИ И ДЕЈНОСТИ
Цели
Член 5
Здружението се основа заради вршење на следните цели:
Основна цел на Здружение за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО ОХРИД Охрид е со цел:
– креирање услови за живот, времен престој и посета на село `Ржаново.
– соработка со Црковниот Одбор и Месната Заедница на село `Ржаново.
– соработка со сродни здруженија и организации од другите села од Малесија.
– соработка со градови од земјава и странство каде има `Ржанчани.
– подобрување на сообраќајните, комуналните, еколошките, економските услови.
– зачувување и промовирање на фолклорните, националните, културните, верските и историските карактеристики, традиции и знаменитости, усни, пишани вредности на `Ржаново и Македонија.
– организирање и поддршка на настани од посебно значење на `Ржаново, Св. Недела и Илинден.
– креирање на WEB страна на здружението со цел промовирање на село `Ржаново.
– овозможување на поврзување на членовите меѓусебе и на други социјални мрежи.
– преземање на мерки за унапредување и заштита на животната средина.
– комуникација со владини институции, локална самоуправа, амбасади, компании.
– приоритни активности за асфалтирање на патот од село Збажди и Локов до `Ржаново.
– организација на културни манифестации и промоција на село `Ржаново и Малесија.
– собирање парични средства од членарина и донации за активностите.
Вредности
Член 6
Вредности на Здруженито за обнова и развој ЗОР `РЖАНОВО Охрид се: јавност, транспарентност, одговорност, интегритет, демократија, прагматичност, правичност, солидарност, етика, патриотизам, фамилијарност и останати вредности прифатени во модерните демократски општества со фокус на владеењето на правото, развивањето и почитувањето на човековите права посебно на Македонците и грижа за природната околина во село `Ржаново, Малесија и Македонија.
Дејности со кои се остваруваат целите
Член 7
Здружението „ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ ги остварува неговите цели и активности преку: сопствено организирање, состаноци со владини институции, општини и општински институции, амбасади на странски земји, компании, здруженија во и надвор од земјата, културни и историски друштва, невладнини организации, соседни села и градови каде се иселени `Ржанчани во и надвор од Македонија, креирање на содржини за промоција на селото, креирање на веб страна и профили на социјални медиуми, канали на youtube и останати видео и аудио канали, промоција преку печатење на книги, промотивни текстови, фото, видео и аудио материјали, објави на сите видови медиуми, организација на културни настани, како и други активности кои ќе придонесат за остварување на целите на Здружението.
Промоција на кариерен развој на `Ржанчани меѓусебно помагање и креирање услови за нивна креативна работа и напредок. Креирање на услови за привлекување на деловни субјекти за работа во и за село `Ржаново. Соработка со компании на `Ржанчани и дурги од земјава и странство, кои го поддржуваат Здружението, нивно промовирање комбинирано со спонзорство за Здружението.
Член 8
Здружението”ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ дејствува на територијата на Македонија.
Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ дејствува и на меѓународно ниво во согласност со својата генерална политика и стратегија.
- MИСЛЕЊА И СТАВОВИ
Одговорност за мислења и ставови
Член 9
Авторските мислења и ставови изразени во статии, блогови и останати изданија во електроска или печатна форма, како и на научни, стручни и други слични тела се мислења и ставови на членовите, експертите и соработниците на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ но не се и на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“.
Мислењата и ставовите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ се одобруваат од Претседателот и се претставуваат на јавноста од лице овластено за тоа.
- ЧЛЕНСТВО
Услови за членство
Член 10
Член на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ може да биде пред се граѓанин кој потекнува од село `Ржаново, нивните потомци и роднини, и сите оние кои се љубители на селото `Ржаново, Малесија и Македонија и доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите, задачите, методите и вредностите наведени во овој Статут и кој ја поминале процедурата за прием.
Зачленувањето се врши со пристапница.
Здружението води регистар на членови.
Ажурирањето на регистарот го води лице именувано од страна на Претседателот.
Приемот го одобрува и заверува Претседателот на Здружението.
Почесно членство се доделува на заслужни поединци за `Ржаново. Одлука за определување почесно членство носи Управниот Одбор.
Набљудувачко членство е со без членарина и без право на глас во Собранието.
Права и одговорности на членовите
Член 11
Членовите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ имаат права и одговорности согласно со одредбите на овој Статут и позитивните законски одредби, а посебно да:
- учествуваат активно во работата и остварувањето на целите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“
- бидат избирани во органите и да избираат,
- плаќаат членарина,
- го почитуваат статутот и другите одлуки на органите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“.
- бидат информирани за активностите на Здружението.
- поднесуваат проект од интерес на Здружението со обезбедување на ресурси и изведувач на проектот.
Члeнарина
Член 12
Членарината ја утврдува Собранието на неговата годишна седница за секоја календарска година.
Редовната чланарината за 2026 г. се утврдува на 600 денари годишно. По избор од членот, можно е плаќање на „златната чланарина“ која изнесува 1000 денари, за што се добива симболичната „златна членска книшка“. Членовите имаат подеднакви, исти права, по еден глас на Собранието на Здружението.
Печесното членство и членство како набљудувач е без плаќање членарина и без право на глас.
Член 13
Членството може да престане со:
- истапување на членот кое се поднесува писмено;
- исклучување, во случај на дејствување спротивно на Статутот;
- неплаќање на членарина;
- други случаи превидени со закон (болест, смрт итн.).
- во случај на кршење на Статутот и вредностите на здружението, членството го суспендира Претседателот веднаш, а Одлука за престанок на членство донесува Собранието, на предлог на Претседателот, на првата следна седница.
- ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА
Член 14
Органи на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ се Собранието, Управен Одбор и Претседател.
Собрание
Член 16
Собранието е највисок огран на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“.
Собранието ја врши надзорната функција.
Собранието на Здружението (во понатамошниот текст: Собрание) го сочинуваат сите членови на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ кој имаат потпишано пристапница и ја имаат подмирено својата членарина.
Член 17
Собранието на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“
- го донесува, изменува и дополнува Статутот;
- ја донесува генералната политика и стратегија;
- избира и разрешува Претседател на здружението, Потпретседател и тројца членови кои заедно го сочинуваат Управниот Одбор;
- одлучува за исклучување од членство;
- одобрува годишен извештај за работата и финансиски извештај со извештај од независниот ревизор;
- одлучува за преобразба, спојување со друга фондација и за членување на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ во домашни и меѓународни сојузи и организации;
- одлучува за престанок на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“
- врши и други работи согласно со Статутот и со општите акти на Здружението;
- ја утврдува членарината;
- врши надзор над работата на Претседателот.
Член 18
Собранието работи на седници.
Собранието заседава најмалку еднаш во календарската година, а повеќе пати доколку има потреба.
На годишното Собрание се одлучува најмалку за годишниот извештај за работа и финансиски извештај.
Член 19
Седниците на Собранието ги свикува Претседателот, по сопствена иницијатива или по барање на една третина од членовите на Собранието.
Ако Претседателот најдоцна триесет дена од денот на дадениот предлог не ја свика седницата, седницата може да ја свика секој член на Здружението.
Поканата за седница се упатува најмалку осум дена пред денот на одржувањето.
Собранието донесува деловник, со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Член 20
Собранието има кворум ако се присутни мнозинството од вкупниот број членови.
Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, ако со овој Статут не е предвидено посебно мнозинство.
Член 21
Со седницата на Собранието претседава претседавач (Претседавач со Собрание), кој се избира на самата седница, по предлог било кој од претседателите или на најмалку три члена на Собранието.
Член 22
Собранието одлуките ги донесува со јавно гласање освен ако со овој Статут поинаку не е определено.
За Собранието се води записник, кој го потврдува претседавачот со Собрание и Претседателот.
Управен Одбор
Член 15
Управниот Одборот се состои од 5 члена кои ги врши активностите за регистрација на Здружението за обнова и развој “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“, а ги вршат и улогите на застапник/претседател, заменик застапник/ потпретседател и три члена. Управниот Одбор е извршен орган на Здружението.
Управниот Одбор се одбира на Собранието се менува со реизбор најдоцна после 4 годишниот мандат на изборното Собрание на Здружението.
Членовите на Управниот Одбор имаат распределени надлежности на области:
– економија и култура со надлежност кај сметководство, проекти, извештаи, деловни услови и субјекти, туризам, организациски прашања;
– кадрово и спорт членство, соработка, унапредување на кариери, промоција на успешни и заслужни членови и `Ржанчан, спортски и еко-туристички настани;
– право со надлежности кај статусни прашања, правен промет, медијаторство и правна помош на членовите;
– информатичка: WEB, социјални мрежи, промоција, презентација, транспарентност;
– инфраструктурн: градежништво, инфраструктура, сообраќај, имотно правни прашања;
со право за прераспоредување надлежностите со Одлука на Управниот Одбор.
Претседател
Член 23
Здружението има Претседател кој го застапува Здружението во правниот промет.
Претседателот го избира Собранието на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“
Како кандидат за претседател може да се пријави секој член на Здружението.
Мандатот на Претседателот е четири години, со право на повторен избор.
Собранието од предложените кандидати бира Заменик Претседател и три члена на Управниот Одбор на Здружението.
Член 24
Претседателот на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“
- го застапува Здружението;
- донесува перспективни и годишни програми и планови за работа;
- донесува финансиски план;
- усвојува годишна (завршна) сметка;
- носи мерки за обезбедување ефективно и рационално извршување на програмата;
- одлучува за средствата на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ во рамките на финансискиот план;
- одлучува за зделки коишто се однесуваат на имот со било која вредност на имот на Здружението;
- ги распределува областите на дејствување на членовите на Управниот Одбор;
- одлучува за воспоставување награди и признанија;
- донесува општи акти за уредување на системите и односите на Здружението;
- донесува општи акти со кои се уредува внатрешната организација;
- подготвува, утврдува и спроведува одлуки на Собранието;
- врши други работи во согласност со овој Статут и со општите акти на Здружението;
- Заменик – Претседател на здружението го заменува Претседателот со овластување во случај на отсуство.
Член 25
Претседателот одговара за својата работа пред Собранието.
Претседателот и Заменик – Претседателот се одговорни за остварување на целите и задачите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“.
Членовите на Управниот Одбор одржуваат состаноци и носат одлуки едногласно.
Член 26
Претседателот може да поднесе оставка. Во тој случај како и во случај на неможност од вршење на функцијата, која ја утврдува Управниот Одбор, Претседателот го менува Заменик претседателот се до избор на Претседател на Собрание на Здружението. Член на Управниот Одбор поднесува оставка на Претседателот, а замена се бира на првото следно Собрание. Во ваков случај Одборот одлучува едногласно во скратен состав.
Член 27
Претседателот Заменик – Претседателот и членовите на Управниот Одбор имаат право на паричен надоместок за потрошени сопствени средства и време при остварувањето на целите и задачите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ согласно програмата и проектите опфатени со финансискиот план одобрен од Собранието.
Член 28
Паричниот надомест може да се користи само доколку Здружението претходната година имало позитивни финансиските резултати.
Член 29
Покрај Претседателот и Заменик – Претседателот е овластено лица за застапување и претставување на здружението.
Член 30
Управниот Одборот на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ најтесно неформално, соработува со:
Црковниот Одбор кој е најстара непрекинато активна институција со најстар објект во селото `Ржаново, поддржана од целото население. Се грижи за верско, црковните прашања, традиционално ја организира прославата на селската слава Св. Недела. Во Црковната општина члененуваат православните верниците од село `Ржаново од кои се избира Црковниот Одбор. Самостојно се финансира од прилози на верниците и успешно се грижи за одржување на Црковниот имот и дополнително помага за прашања од поширок интерес на село `Ржаново. Во верско единство со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Селскиот Одбор – Месната Заедница на село `Ржаново која ги претставува најпрвин жителите и сопствениците на имот во село `Ржаново од кои се избира Месната Заедница. Се грижи за комуналните прашања на село `Ржаново, соработува со Црковниот Одбор по прашања од заеднички интерес. Се финансира од државни фондови, донации и прилози. Претставува најмалиот дел од државните институции на територијата на Македонија, во случајов во атарот на село `Ржаново. Хиерарсиски е поврзана со Локалната Самоуправа и повисоките државни институции, министерства Министерството за локална замоуправа и Владата на Македонија.
Со цел поблиска соработка на овие три Одбори се организира Совет на село `Ржаново.
Советот го сочинуваат Управниот Одбор на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“, Претседателот на Црковниот Одбор и Претседателот на Месната Заедница на `Ржаново. Советот на село `Ржаново се состанува по потреба, а најмалу еднаш годишно и носат одлуки за прашања од поширок и поголем заеднички интерес за селото `Ржаново.
VI. ФИНАНСИИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“
Извори на финансирање
Член 31
Извори на финансирање на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ се: членарина, донации, доброволни прилози, буџет на РСМ и локалните самоуправи, давање на услуги на други здруженија организации и институции, трговски друштва и други правни лица и други извори предвидени со Законот и Статутот.
Намена на средствата
Член 32
Средствата на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ се употребуваат за тековни и редовни активности согласно Планот и Програмата, одобрени проекти финансирани од спонзорства и донации имајќи ја во предвид преферираната намена од страна соодветниот спонзор или донатор. Средства се употребуваат и за вонредни задачи и активности, во согласност со овој Статут и со општите акти, по Одлука на Управниот Одбор.
Финансиски план
Член 33
Финансиската година се совпаѓа со календарската година.
Висината и начинот на распределба на средствата се утврдуваат секоја година со финансискиот план, а врз основа на годишниот план за работа.
Финансискиот план го подонесува Претседателот до Управниот Одбор и Собранието.
Финансискиот план за секоја година се донесува на крајот од тековната календарска година, за наредната година, а го одобрува Годишното Собрани.
Ако финансискиот план не се донесе во рокот предвиден со став 4 од овој член, финансирањето ќе се врши во висина на средствата од претходната година, зголемени со порастот на цените на мало во тековната година.
Финансиски извештај
Член 34
Финансискиот извештај го подонесува Претседателот со Управниот Одбор до Собранието.
Финансискиот извештај за претходната година се донесува најдоцна до 30 април во тековната календарска година.
Добро управување
Член 35
Претседателот ќе управува со финансиските средства на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ согласно со позитивните законски прописи, заради остварување урамнотежен биланс на приходите и расходите.
Финансиските акти се потпишуваат од Претседателот.
VII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ
Член36
Работата на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ е јавна.
Органите на Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ се обврзуваат да обезбедат систем на информирање на јавноста.
Сите акти ќе се објавуваат на веб страната на ”ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ и на други пригодни начини согласно закон.
VIII. АКТИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Акти
Член 37
Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ донесува статут, правилници, деловници, одлуки, решенија и други акти.
Со правилниците и одлуките се регулираат прашањата за кои, со законот или со овој Статут е предвидено да се регулираат со општи акти.
Измени и дополнувања на Статут
Член 38
Собранието го донесува, го изменува и го дополнува Статутот.
Предлог за измени и дополнувања на Статутот може да поднесе секој член на Собранието и Претседателот.
Собранието едногласно го донесува Статутот.
Потпишување на општи акти
Член 39
Општите акти ги потпишува Претседателот.
IX. СТАТУСНИ ИЗМЕНИ
Член 40
Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ престанува со својата работа ако за тоа одлучи Собранието.
Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ престанува со работа и во согласност со позитивните законски прописи.
Присоединување, спојување, поделба и други статусни измени се вршат во согласност со закон.
Во случај на престанок со работа финансиските средства, имотот и другите ствари се пренесуваат на сродно здружение, со одлука на Собранието или на државата.
X. СТАТУС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Член 41
Здружението “ЗОР `РЖАНОВО Охрид“ има статус на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со закон и со овој Статут.
XI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 42
Овој Статут влегува во сила осмиот денод денот на објавувањето.
Охрид, 20.05.2026 г.
