Нашата мисија
‘Ржаново не е само село. Тоа е наше наследство, нашите корени и приказна што заслужува да продолжи.
Здружението за обнова и развој ‘Ржаново е создадено со една јасна цел – да придонесе за повторно оживување и развој на селото
Се залагаме за подобар пристап до ‘Ржаново, зачувување на неговото историско и културно наследство и создавање услови селото повторно да биде посетувано, одржувано и живеено
Од патот започнува обновата.
Од корените започнува иднината.
За Ржаново. За нашите предци. За генерациите што доаѓаат

