За ‘Ржаново
‘Ржаново е планинско село сместено на падините на Караорман, во Струшкиот регион. Опкружено со планински предели, шуми и природни убавини, селото со генерации било дом на семејства чии корени се длабоко поврзани со овој крај.
Животот во ‘Ржаново некогаш бил исполнет со секојдневните активности на селото, работа, собирање околу заедничките места и одржување на традициите. Особено место во животот на жителите има селската црква „Св. Недела“, а празникот Света Недела се одбележува како селска слава и претставува важен дел од традицијата и духовниот живот на ‘ржанчани
Иако денес во селото нема постојани жители, ‘Ржаново останува место со своја историја, културно наследство и природни вредности. Старите куќи, патиштата, местата на кои некогаш се одвивал селскиот живот и околниот предел сведочат за времето кога селото било живо и населено.
‘Ржаново денес го чуваат спомените на неговите жители и нивните потомци, но и желбата ова место повторно да стане достапно за посета, престој и живот. Обновувањето на патот до селото е еден од најважните чекори кон зачувување и повторно оживување на ‘Ржаново.
